(ФОТО) Ти си огледало во кое се рефлектирам секој ден: Ања со емотивна порака за својата мајка!

(ФОТО) Ти си огледало во кое се рефлектирам секој ден: Ања со емотивна порака за својата мајка!

Објавена во: Совети // Семејство

Младата пејачка Ања Ветерова често на своите профили на социјалните мрежи споделува фотографии од нејзините најблиски, но описот на секоја фотографија прави вистинска магија.

Имено, таа постојано споделува емотивни пораки со своите обожавалите и секако истите се посветени на нејзините сакани. Како една од посебните личности ја издвојува својата мајка, за која секогаш има што да каже. Овој пат по повод нејзиниот роденден, Ања напиша навистина емотивна порака.

Во продолжение е целата порака, која Ања ја напиша покрај фотографијата што ја објави на својот Инстаграм профил.

„Ти си огледало во кое се рефлектирам секој ден и кое ми покажува колку силна може да биде една жена дури и кога животот ги задава своите најсилни удари. И кога луѓето ќе ми кажат “копија си на Ирена” јас гордо одговарам “знам” бидејќи привилегија е да се биде жена како тебе. Ти си дефиниција за љубов! Никогаш нема да постои единица мерка со која би се измерила мојата љубов кон тебе. 

За твојот роденден ти посакувам:

1. Многу здравје и среќа! Тоа ми најважно од СЕ.

2. Безброј безгрижни ноќи, бидејќи знам дека од грижа поради моите доцни излегувања и оддалеченоста која ја имаме додека сум во Америка не те фаќа сон. Дај си го одморот кој го заслужуваш!

3. Насмевки! Сакам да се смееш на глас бидејќи тоа е најдобриот лек и ќе ти го продолжи животот. 

4. Да го посетиш местото за кое отсекогаш си сонувала. Она кое јас ќе ти го остварам! 

5. Се она што си го скратила од себе во замена за барем една минута радост за мене и Лука.

6. Да ги задржиш вистинските пријатели! Оние кои за тебе би го направиле истото и во иста мера како ти за нив. 

7. Прилики во кои гордо ќе кажеш дека беше во право. Тоа го обожуваш! 

8. Секогаш да чекориш со крената глава! Ти си жена борец. Херој. Треба да бидеш горда на себе и да му покажеш на светот колку вредиш. 

9. Безброј долги разговори со ќерка ти хаха бидејќи знам дека ти се омилени.

10. Да знаеш дека јас секогаш ќе те подржувам! Спремна сум да ти ја пружам сета моја подршка како што ти го правиш тоа за мене од самиот почеток. 

Тука сум! Твоја сум! 

Те сакам до бескрајноста и назад цик-цак

Среќен роденден мамо!!!“ 

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: