(ФОТО) Тинејџерка стана сензација по нејзината операција, ја прогласија за „премногу убава“
Проблемите со појавата во адолесценцијата се најболната тема. Во обидот да се ослободат од несовршеностите, вистински или, младите се одлучуваат на најразлични трикови.
Некои ја одбираат козметиката, а други одлучуваат да одат под нож кај пластичните хирурзи.
Според американското здружение на пластичните хирурзи, бројот на тинејџери кои се одлучуваат за пластична хирургија е двојно зголемен во последните осум години.
Една тинејџерка од Кина стана светска сензација по приказната за нејзината историја со пластичната хирургија.
Ли - Хаи Данаи имала само 15 години кога прв пат заминала на операција. Локалните медиуми тврдат дека таа започнала да го привлекува вниманието на јавноста по објавувањето на рпвите фотографии по операцијата.
Кинезите биле воодушевени од новиот изглед на девојчето, бомбардирајќи ја со коментари.
Обожавателите велат дека Ли - Хаи е „премногу убава за гледање“.
Еден од нејзините следбеници претпостави дека оваа девојка се решила за операција за да си го врати поранешното момче.
Покрај процедурите поврзани со лицето, Ли ги зголемила и градите.