(ФОТО) Во 2006 беше на Јуниорската Евровизија: Денес Зана Алиу е позната дизајнерка!
Пред 14 години, Зана Алиу ги бранеше боите на Македонија на Јуниорската Евровизија. Песната „Вљубена“ во тоа време беше химна помеѓу девојките и покрај тоа што не се пласираше добро.
Иако се веруваше дека оваа млада девојка ќе се занимава со музика, по се изгледа Зана не се пронајде. Денес таа е позната дизајнерка и реди успеси. Има свое атеље или поточно showroom и дизајнира неверојатни креации.
Неодамна таа заплива и во брачните води, а како денес изгледа плавоокото „вљубено“ девојче, погледнете во продолжение.