(ФОТО) Восочната Меган ја одвоија од Хари: Таа и понатаму е модерна
Војвотката од Сасекс Меган Маркл минатата година пред венчавката со принцот Хари доби восочна фигура во лондонскиот музеј за восочни фигури. Фигурите беа наместени една до друга, но сега ги одвоија.
Водството на музејот ја премести фигурата на Меган кај нејзините познати пријатели Том Харди, Бекамови и Пријанка Чопра, кои беа гости на нејзината свадба.
„Без оглед на тоа што е припадничка на кралското семејство, Меган и понатаму води модерен живот. Ние во музејот сакавме да го покажеме тој нејзин независен селебрити статус. Не мора да значи дека ќе остане таму засекогаш, нема да го разделиме нашиот заљубен пар. Само овозможуваме Меган некое време да се дружи со своите селебрите пријатели“ - рече Стив Дејвис, генералниот директор на музејот.
Восочната фигура на принцот Хари ќе биде ставена покрај останатите членови на кралското семејство.