(ФОТО) Заведува каде и да се појави: Убавицата го најави новиот тренд
Иако е една од најбараните и најангажираните модели денес, Џиџи Хадид секогаш има време за своите пријатели.
Папараците ја „уловија“ во моментот кога тргна на „US Open“, да им пружи поддршка на својата пријателка Серена Вилијамс.
Она што многумина го забележаа е модерниот стајлинг на популарната манекенка. Како набљудувач на тенис натпревар, таа избра лежерна модна комбинација, која судејќи по се ќе биде следниот есенски тренд.
Таа облече широки фармерки, кои повторно се враќаат во мода, но и преголема рексас кошула, која е исто така тренди. Под кошулата носи свилена блуза во златна боја, која е вовлечена во фармерките со висок струк.
Комбинацијата ја надополни со наквит во бронзена и златна боја, ретро наочари и чанта во пастелна боја.
На сето ова Џиџи избра чизмички кои совршено се вклопуваат во целиот стајлинг.