Фризер ја претворa косата во ументост: Од сендвич до еднорог, тој им дава на луѓето доза на посебна енергија

Фризер ја претворa косата во ументост: Од сендвич до еднорог, тој им дава на луѓето доза на посебна енергија

Мајки О'Халоран е фризер од Мелбурн. Неговата жива имагинација му овозможува да креира во „луди“ фризури, да бои и создава уникатни креации од коса, притоа собирајќи пари за добротворни цели.

Идејата за искажување емоции преку боја кај Мајки потекнува уште кога бил студент. Како што изјавил во една прилика, неговиот начин на изразување е „различен“, па поради тоа бил секогаш исмејуван од неговите врсници. Еден ден сфатил дека има апсолутно право да биде тоа што сака, и така го започнал својот „пат“ со боите. Тој вложил многу време и труд додека ги изучи техниките за бојадисување на косата. Инспирацијата ја црпел од уметниците на Инстаграм и се едуцирал преку обиди и грешки, додека не станал вистински гуру во техниките со бои за коса.

Секоја од техниките на Мајки има своја приказна. 

Тој растел и како личност и професионално низ годините. Денес има свој салон и заслужено признание и восхит од луѓето. Еден од многуте примери за неговата посебност е тоа што ја обои косата на момче со аутизам со што му помогна да биде прифатен од околината.

Фризурите се секогаш разновидни бидејќи има неограничен извор на инспирација, тој истата ја добива буквално од секаде, дури и сладолед или пакување бонбони може да му даде идеја која понатаму ќе ја понуди на своите клиенти. Вели, никогаш не се заморува од пребарување и имплементирање на нови техники, па може да го исполни и најкомплексното барање за фризура.

Неговите клиенти признаваат дека нивните фризури навистина им ги менуваат животите и нивното расположение.

А еве како изгледаат дел од неговите од нив:


Фото:инстаграм

Можеби ќе ве интересира: