Фризерка ги испробала сите бои на коса: Откри кои не би му ги препорачала на никој - за една боја посочи дека е најлоша (ВИДЕО)

Фризерка ги испробала сите бои на коса: Откри кои не би му ги препорачала на никој - за една боја посочи дека е најлоша (ВИДЕО)

Објавена во: Мода // Moj стил

Иако испериментирањето со различни бои за коса може да биде забавно кога ви треба промена, фризерката Стела Маријалчини вели дека ја испробала речиси секоја можна боја на нејзината коса, но дека некои не ги препорачува.

Прво, таа советува да избегнувате едната половина од косата да ја фарбате во една, а другата половина во друга боја, бидејќи никогаш нема да изгледа добро и тешко се одржува. Истакнува дека зборува од искуство, бидејќи своевремено и самата ја имала исфарбано половина коса во виолетова, а половина во розова боја, но никогаш не изгледала како што замислила.

„Издржливоста исто така беше катастрофална и додека една боја траеше одредено време, друга се изми многу порано“ - посочи таа.

Друга работа што исто така е пожелно да се избегнува се пастелните бои, и тоа поради неколку причини.

„Секогаш изгледаа измиено, неуредно и здодевно по второто миење, целосно разочарување“ - кажа таа.

Трети, се светлите бои, кои теоретски треба да изгледаат смело и студено, но во пракса тоа никогаш не е случај, а тоа посебно важи за зелената боја. Проблемот не бил во самата боја, туку во тоа што била многу тешка за стилизирање и усогласување со облеката, поради што фризерката почесто носела шешири. 

Понатаму, таа посочи дека пепел сината е една од оние бои што може да изгледаат одлично, но дека е тешко да се постигне. Таа вели дека жените се често разочарани од оваа боја која изгледа дека ја исцедува природната боја од лицето и го прави тенот безживотен, а личноста која ја носи болно.

„Со неа ќе изгледате бледо, пепелно и уморно“ - вели фризерката.

Но, за неа убедливо најлоша, односно најтешка за одржува и отстранување е црната боја на коса. Иако на многумина им изгледа одлично, доколку немате природно темна коса, потребно е многу труд и време.

„Исто така, црната е најтешка да се отстрани, се обидов неколку пати и секој пат се каам за тоа. Никогаш повторно. Останав со траума и не можам да се ослободам од тие стравови“ - посочи фризерката.

фото: Принтскрин / ТикТок

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: