Фризури од Греми кои можеш да си ги правиш секој ден: 7 кои не се тешки за рекреирање (ФОТО)
Сигурно и ти секогаш носиш иста фризура...
На црвениот килим секогаш сите се средени, од гламурозни фустани до топ шминка. Важен дел од секоја модна комбинација е и фризурата. Некои познати личности на овогодинешното доделување на Греми наградите имаа фризури кои лесно може да се рекреираат и да се носат секој ден.
Вчера се одржа 65-тото доделување на Греми наградите! Ако некој беше победник на вечерта, тогаш тоа е Бијонсе, која го собори светскиот рекорд и стана личност со најмногу освени Греми награди. Тоа се вика успех! Сепак, сега нема да зборуваме за освените награди, туку за црвениот килим. Таму секогаш е интересна ситуацијата на секое доделување на награди. Некои од познатите личност, вчера изгледаа феноменално, а некои и не баш. Една работа која ни падна во очи е дека познатите девојки имаа фризури кои изгледаа добро, но и кои можат да се направат за секој ден во нашите реални животи. Не мора да бидат само за црвениот килим.
Овие 7 фризури можеш да ги рекреираш и ти, без разлика дали ќе ги прошеташ на училиште, факултет или на љубовен состанок.
# Џенифер Лопез: Коса зад ушите и големи опуштени локни
# Лизо: „Мокра“ коса
# Тејлор Свифт: Неуредна пунџа
# Карди Би: Залижана ниска пунџа
# Бебе Реџа: Фен фризура
# Парис Хилтон: Мала пунџа со пуштени прамени околу лицето
# Ким Петрас: Залижана коса и префрлена на една страна
фото: Принтскрин / Инстаграм