Фризури што обожаваме да ги гледаме кај момчињата: На која „паѓате“ вие?

Фризури што обожаваме да ги гледаме кај момчињата: На која „паѓате“ вие?

Објавена во: Мода // Moj стил

Фризурата е суштински дел од изгледот и кај момците и кај девојките.

Сè што е поврзано со физичкиот изглед е многу подложно на субјективните преференции на поединецот. Секој сака нешто различно и тоа е во ред. Понекогаш се прави истражување за да се види што им се допаѓа на повеќето луѓе за одредени работи да бидат прогласени за најпопуларни.

Така е и со машките фризури. Фризурата е многу важен дел од изгледот и една од првите неколку работи што ќе ги забележиме кај другите. Изборот на вистинската фризура за вашето лице може да го трансформира целиот ваш изглед од 0 на 100. 

Сите фризури не одговараат на сите подеднакво, но има една во која девојките особено ќе се заљубат кога ќе видат дека некој дечко ја има.
Според истражување - кои машки фризури им се најпривлечни на девојките и една особено се издвојувала. Тоа е „помпадур“ фризурата. Веројатно само името нема да ви открие премногу, но вака изгледа оваа фризура.

Поентата е во тоа што косата е пократка на страна отколку на средина, а средината е залижана наназад. Одвреме-навреме некои машки познати личности ја носат оваа фризура и ја прават повторно популарна, а се носи и сега. Има малку ретро шмек и на момците им стои секси, така велат девојките. 

Девојките ги обожаваат оние машки фризури кои вклучуваат пократка коса на страна и подолга во средината, ова е моментално врвната фризура што сакаат да ја гледаат кај спротивниот пол.


извор:teen385.dnevnik.hr
фото:instagram

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: