Фризури за секој ден кои нема да ти ја уништат косата: 8 идеи кои се многу едноставни, а повторно убави (ФОТО)
Не мора фризурата да биде комплицирана за да изгледа топ...
Изгледа дека секогаш ни недостасуваат идеи за фризури. Постојано ја носиме косата на ист начин затоа што не ни се прави ништо комплицирано, ниту пак сакаме секој ден косата да ја уништуваме со пегла, фигаро и сите останати штетни апарати.
Утро е, ти си пред огледало и се обидуваш да смислиш што да направиш од својата коса да изгледа пристојно, да не ти одземе многу време, а воедно да не ја уништуваш својата коса. Често, за сите нас, подготвувањето изгледа така што смислуваме што да облечеме, знаеме како ќе се нашминкаме, а косата потоа некако паѓа во втор план и не правиме никаква фризура туку само се чешламе и врзуваме опавче. Фризурата за секој ден не мора да биде комплицирана инсталација. Некогаш и некоја ситна промена на неа е доволно за да се има поинаква фризура. Кога следниот пат ќе влезеш некаде, наместо само да се исчешлаш, направи некоја од овие 8 фризура. Косата нема да ти се уништи и толку се едноставни, што не може да бидат поедноставни. За некои ќе ти бидат потребни само неколку секунди.
# Стави лента или венче
# Направи локни со ремен од баде мантил
# Стави некоја убава шнола
# Залижи ја косата наназад и остави ја пуштена
# Две шноли
# Плетенка и качкет
# Префрли го патецот на друга страна
# Фенирана фризура
фото: Принтскрин / Инстаграм