(ГАЛЕРИЈА) Модата на Оскари 2019

(ГАЛЕРИЈА) Модата на Оскари 2019

Објавена во: Мода // Moj стил

Се одржа и најпрестижното и најгламурозно доделување награди на најдобрите филмски остварувања, актери и режисери, популарните „Оскари“ .

Оваа 2019-та година на црвениот тепих, славните ѕвезди пристигнаа елегантни и во најразлични тоалети. 

Една од најзабележливите беше актерката Шарлиз Терон која се појави во сосема нов имиџ. Темна боб фризура искомбинирана со фустан во нежна сина боја од Диор и Булгари накит.

Лејди Гага очекувано беше една од најкоментираните ѕвезди на доделувањето, и покажа дека класиката- црн фустан искомбиниран со накит кој го носела Одри Хепберн е вистински моден погодок.

Џенифер Лопез и нејзиниот партнер Алекс Родригез пристигнаа во креации на Том Форд.

Оливиа Колман носеше чуден, но фустан кој и прилега, со потпис на модната куќа Прада.

Реџина Кинг воодушеви со својата бела тоалета со длабок шлиц.


Ема Стоун веќе подолго време е една од омилените музи на Луј Витон, па се појави со уште една уникатна модна креација.

Џема Чен се појави во воодушевувачка розова тоалета од Валентино, со која дефинитивно се запиша во листата на најдобро облечени дами на Оскарите 2019.

Ешли Грахам се појави во елегантно и прибрано издание.

Џулија Робертс го прескокна црвениот тепих и се појави директно на доделувањето, во прекрасна розова креација на Ели Сааб.

Машките актери истотака се појавија во свои забележливи модни изданија.

Го издвојуваме Џејсон Мамоа, или сега актуелен како „Аквамен“ кој блескаше во својот розов костим во свој препознатлив стил.


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: