Ги разнежни сите: На роденденот на Хајли, Џастин си посака желба
Џастин е пресреќен во бракот со Хајли, а сега посака нова желба. Како Хајли реагираше на неговата порака никој не знае, но веруваме дека и таа го сака истото.
Моделот Хајли Бибер пред два дена го прослави својот 23 роденден. Преку социјалните мрежи прими многу роденденски честитки, па така и од својот сопруг Џастин Бибер. Она што Џастин и го побара привлече многу внимание.
Тие се млади, успешни и се сакаат. Изгледа дека Џастин сега сака да премине на следниот чекор во животот - сака да стане татко. На роденденот на својата сопруга ги објави нивните фотографии од венчавката и напиша:
„Среќен роденден драга! Поради тебе сум секој ден подобра личност. Начинот на кој ти го живееш својот живот е толку атрактивен. Следната сезона БЕБИЊА!“.