Ги украдоа сите погледи: Салма Хајек и нејзината наследничка во огнени изданија воодушевија на Оскарите (ФОТО)
Актерката Салма Хајек вчера на доделувањето на Оскарите се појави со 15-годишната ќерка Валентина Пино, а со модно усогласените комбинации ги засенија сите присутни.
Во Долби театарот во Лос Анџелес, вчера се одржаа 95-тото доделување на Оскарите, наградите на американската Академија на филмски науки и уметности.
Наградата за најдобар актер замина во рацете на Брендан Фрејзер, а Оскарот за најдобра женска улога ја освои Мишен Јео.
Подеднакво воздбудливо како и на сцената за време на прогласувањето на победникот беше и на црвениот килим. Всушност, оваа година ѕвездите се прошетаа по килим во шампањ боја, што претставуваше голем апромена во однос на поранешните години.
Една од најзабележаните и најстилизирани дами дефинитивно беше Салма Хајек, која на доделувањето на Оскарите дојде со својата ќерка Валентина Пино (15).
За потсетување, пред само две недели Салма и Валентина заедно се појавија на Модната недела во Милано, кога ги воодушевија сите со својата појава, а уште тогаш се зборуваше дека девојчето од 15 години уште сега ја засенува својата позната мајка.
И токму во моментот кога помисливме дека не може подобро од тоа, тие не демантираа вчеравечер на 95-тото доделување на Оскарите.
Ги имаа усогласено модните комбинации и слободно може да се каже дека огнениот темперамент кој ги одликува Мексиканките го спакувале во совршено прикладни модни комбинации.
Двете носеа фустани од модната куќа „Гучи“, а забележавме и дека фантастично ја искомбинирале црвената и портокаловата нијанса.
Салма за оваа прилика носеше портокалов фустан кој феноменално ја истакна нејзината фигура во форма на песочен часовник - тесен горен дел и интересен отвор, како и долен дел прекриен со реси, кој елегантно паѓа до подот.
Златната чанта и големиот прстен го заокружија нејзиниот изглед. Косата извиткана во благи прамени ја имаше пуштено да ѝ паѓа.
Од друга страна, Валентина носеше фустан кој фантастично одговара на нејзините години.
Во прашање е црвен топ фустан, кој од половната се шири, а под него имаше тул, па така целиот фустан наликуваше на вистински балски фустан.
Со овој фустан, Валентина носеше сребрена чанта и мала нараквица. Косата ѝ беше направена по примерот на нејзината мајка.
фото: Принтскрин / Инстаграм