Ѓеорѓи повеќе од 10 години расте со поддршка на СОС Детско село: Еве како го изненадија за роденден

Ѓеорѓи повеќе од 10 години расте со поддршка на СОС Детско село: Еве како го изненадија за роденден

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Еве каква убава вест споделија од СОС детското село:
Изненадување кое оствари сон! 

18-тиот роденден е важен за секој млад човек, токму затоа на Ѓеорѓи сакавме да му приредиме незаборавен роденден.

Кога го прашавме што сака за подарок, тој срамежливо ни одговори дека сака торта со ликот на Таско, неговиот омилен пејач.

Знаејќи колку го сака Таско, решивме да ја оствариме неговата роденденска желба Испланиравме неверојатно изненадување - Таско дојде на роденденската забава! 

И успеавме... Ѓеорѓи беше пресреќен, а неговата насмевка не може да се опише со зборови!

Ѓеорѓи повеќе од 10 години расте со поддршка на СОС Детско село, и тука научи многу за значењето на семејството. Познат е по својата позитивност, послушност и неизмерна среќа, како и способност да го прифати секој предизвик како можност за раст и учење.

Среќен роденден, Ѓеорѓи! Нека твојот живот биде исполнет со многу остварени соништа и прекрасни моменти. 

Таско ти благодариме што беше дел од овој посебен момент



Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: