Го покажа своето вистинско лице и направи хаос на социјалните мрежи: Сите се прашуваат дали е истата личност во прашање (ВИДЕО)
Пејџ, која има 37.000 следбеници на ТикТок ги изненади луѓето кога го покажа нејзиното лице без филтери и фотошоп...
Денес, социјалните мрежи се преплавени со фотографии кои се изменети во фотошоп, толку што повеќе не се ни приближни со реалноста. Достапно е сѐ, од филтери до апликации со чија помош може да се фотошопира целото тело.
Една девојка ја сподели својата трансформација, поточно своето вистинско лице без филтери кое предизвика силни реакции.
„Постојано ме нарекуваат измамник, а не знам зошто“ - напиша Пејџ.
@paigeygxx Just confusing tbf #paigeygx #ladyp #yellowtoothpdawg I Know - Big Sean
Луѓето во коментари пишуваат колку се шокирани од нејзината промена, што просто не веруваат дека е во прашање истат аличност. Некои ѝ предложија да направи некој туторијал за шминкање и да објасни како го постигнала овој зиглед. Други се прашуваа колку слоеви шминка се потребни за да изгледа така.
фото: Принтскрин / ТикТок