Го покажа трудничкото стомаче и испрати инспиравна порака до сите дами: Посебни сте во секоја смисла на зборот (ФОТО)

Го покажа трудничкото стомаче и испрати инспиравна порака до сите дами: Посебни сте во секоја смисла на зборот (ФОТО)

Објавена во: Мода // Moj стил

Младата пејачка јавно го честиташе Денот на жената...

8 март е денот кога жената е во центарот на вниманието. Овој ден е посебен за секоја една, а тоа го потврдија и корисниците на социјалните мрежи, кои преку инспиративни пораки посочија колку всушност е моќна жената.

Помеѓу нив, се огласија и голем број познати личности, меѓу кои и младата пејачка Антониа Гиговска. Таа по овој повод направи неколку селфиња во својот автомобил, на кои позира со ружа во рака.

Трудничкото стомаче секако беше во прв план, а многумина забележаа дека бременоста одлично ѝ годи. Но, освен тоа, големо внимание привлече и со инспиративната порака која ја посвети на сите девојки и жени.

„Среќен 8-ми Март на сите девојки и жени. Бидете здрави, живи и секогаш насмеани... Посебни сте во секоја смисла на зборот“ - напиша Антониа покрај фотографиите.


фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: