Го прогласија за најинтересен познат татко: Прв пат бев навистина уплашен
Двејн „The Rock“ Џонсон, познатиот актер неодамна се најде на врвот на листата на американскиот магазин „Fatherly“ кога станува збор за наинтересните познати татковци. Со сите познати татковци кои се земени предвид при рангирањето, новинарите на „Fatherly“ во изминатиот период направиле интервјуа во кои разговарале за предизвиците кои со себе ги носи родителство.
Како е наведено во објаснувањето, сите оние кои се на оваа листа првенствено се таму затоа што освен за родителството, успешно се грижат и за своите деловни обврски, партнери, но и за својот физички изглед.
На самиот врв се најде Двејн поради тоа својата доминантна појава и прекрасна насмевка, пишува klix.ba. Веднаш зад него, на второто место се најде неговиот колега, актерот Рајан Рејнолдс, додека на третото место е познатиот НБА кошаркар Расел Вестбрук.
„Бев нервозен и уплашен првиот пат, но на крајот научив дека љубовта, емпатијата и хуморот секогаш ќе бидат некои од моите најсилни адути“ - напиша The Rock.