Годините не им се пречка за успех: Со својата убавина го освоија Инстаграм, но и светот
Секоја мајка смета дека нема поубаво дете од нејзиното. Но, има деца чијашто убавина е потврдена не само од родителите, туку и од целиот свет. На овие девојчиња лицата им блескаат на кориците на прекрасните списанија, а модните агенции се „тепаат“ за да им понудат договори.
Нивната популарност не се должи само на убавината со која природата ги дарувала, туку и на напорната работа на нивните родители.
Нивните амбициозни мајки постојано споделуваат фотографии од нив на социјалните мрежи, каде привлекуваат безброј следбеници, па дури и заработуваа пари од тоа.
# Првата девојка е Ана Павага. Таа првите чекори како модел ги направи уште на 3 годинки.
Денес, малата Русинка има 10 години и е едно од најпознатите деца во светот.
Лицето на Ана често ги краси насловните страници на модните списанија, а лајковите на нејзините фотографии на социјалните мрежи не сопираат.
На својот Инстаграм профил има повеќе од милион следбеници, а нејзиниот профил го работи нејзината мајка.
Исто така Ана се подготвува да влезе во академија, за да стане балерина. Поради многуте ангажмани, девојчето не оди на училиште, туку оди дома.
Кариерата како манекенка и започна случајно. На нејзини две години, семејството одлучува да и направи професионална фотосесија.
Со согласност од нејзините родители, фотографот ја објавува фотографијата од малата Ана на социјалните мрежи, а набрзо понудите од рекламните агенции почнуваат да доаѓаат.
# Во 2017 година, уште една девојка од Русија беше прогласена за најубава во светот. Од 2 години, сега 8- годишната Анастасија Књажева се појавува во реклами.
Таа има невообичаени сини очи и лице како на кукла, што го предизвика пазарот да и испраќа предлози за соработка.
Повеќе од 1 милион луѓе ја следат на Инстаграм, кој исто така го работи нејзината мајка.
Малата Анастасија посетува редовно училиште, оди на часови по танц, учи пеење, кулинарски вештини и англиски јазик.
Но, покрај сите пофалби семејството на Анастасија се соочува и со многу негативни коментари.
Корисниците на Интернет честопати ја обвинуваат нејзината мајка дека користи многу шминка за да ја направи својата ќерка поубава и дека отворено профитира од уникатниот изглед на своето дете.
# 10 - годишните сестри Леа Роуз и Ава Марија се исто така многу познати по својот изглед. Тие важат за најубавите модели близнаци во светот.
Мајката на девојчињата вели дека нивните преубави црти им се појавиле уште во раното детство.
Уште тогаш таа добива предлог за прв договор за рекламирање. Но, оваа понуда ја користат дури откако тие двете ќе наполнат 7 години.
Светската слава ја добија буквално за една година. Профилот на Инстаграм им има 1,7 милиони следбеници, а буквално секоја нивна втора објава е рекламна.
# Џеир од Нигерија не е толку позната како другите модели, но веќе ја освои титулата „една од најубавите девојки на светот“.
Таа се здоби со светска слава откако фотографот Мофи Бамаива сподели нејзини фотографии на Инстаграм.
„О, да, таа е човек! Но, таа исто така е и... ангел“ - напиша авторот на фотографиите.
Иако е неискусна во позирањето пред камера, по нешто не се издава дека се плаши од објективот и со тоа потврдува дека е родена за него.
Откако стана ѕвезда, таа со нејзината мајка и сестра прават профил на социјалните мрежи, на кој има над 160 илјади следбеници.