Големи достигнувања: Познати личности кои се запишани во Гинисовата книга на рекорди

Големи достигнувања: Познати личности кои се запишани во Гинисовата книга на рекорди

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Ариана Гранде, Бијонсе, Еминем, Мајли Сајрус, Елен Деџенерис, Џеки Чен се само дел од јавните личности на оваа листа.

Гинисовата книга на рекорди постои повеќе од 60 години и ги бележи и човечките достигнувања и природните феномени. Секоја година има околу 6.000 записи од 50.000 запишани на оваа листа и секој што е запишан во оваа книга го заслужува тоа.

Подолу можете да прочитате кои познати странски личности се најдоа во Гинисовата книга на рекорди и по која заслуга:

#Елен Деџенерис, американска комичарка, актерка, со еден збор телевизиска sвезда, направи селфи на Оскарите, што направи вистински „бум“ на социјалните мрежи. Имено, за време на паузата за наградата, Елен ги замоли Џенифер Лоренс, Бред Пит, Анџелина Џоли, Кевин Спејси и Мерил Стрип за заедничка фотографија, а „чкрапалото“ го повлече Бредли Купер. Откако го објави ова селфи на Твитер, успеа да го надмине Барак Обама, кога тој објави дека по втор пат стана претседател на Америка.

Нејзиното селфи имаше 819.000 ретвитови за само половина час, а со тоа водителката влезе во историјата на оваа социјална мрежа. Оваа фотографија, пак, го сруши светскиот рекорд, бидејќи беше ретвитувана 3,3 милиони пати.

Пред три години #Бети Мерион Вајт беше прогласена за актерка со најдолга телевизиска кариера на светот! Имено, таа е присутна на сцената повеќе од 80 години. Таа глумеше во околу 120 филмски и телевизиски продукции, а беше номинирана за дваесет награди „Еми“, од кои освои седум.

#Џенифер Лоренс, американска актерка која беше заведена како најплатена актерка на светот во 2016 година - поради филмовите „Игри на гладта“ и „Икс-мен“, каде заработи повеќе од 4 милиони долари.

Раперот #Еминем ги засени сите со своето музичко изразување, а во Гинисовата книга на рекорди се најде како некој што успеал да изговори најголем број зборови во секунда. Имено, неговиот хит сингл „Rap God“ има 1.560 зборови што ги изговорил за само шест минути.

Пејачката #Ариана Гранде се најде во Гинисовата книга на рекорди затоа што во мај 2020 година имаше најмногу следбеници на социјалната мрежа Инстаграм, меѓу жените. Во тоа време, нејзиниот профил имаше повеќе од 185 милиони следбеници.

#Џеки Чен сними над 200 филмови и во секој од нив ги изведуваше сите свои акробации самостојно и со помош на сопствениот тим за трикови. Тој влезе во Гинисовата книга на рекорди како актер кој изведуваше најмногу трикови во светот. Од ова, може да се заклучи дека актерот често бил повреден за време на снимањето на такви сцени - тој ги скршил скоро сите коски во неговото тело барем еднаш.

Пејачка, модел, композитор, музички продуцент - сите овие титули ги носи #Бијонсе, која освои најмногу Греми награди за една година и затоа влезе во Гинисовата книга на рекорди. Имено, таа во 2010 година доби дури шест награди за една вечер.

Фудбалерот #Кристијано Роналдо е запишан во Гинисовата книга на рекорди бидејќи во 2016 година беше прогласен за спортист кој има најголем број следбеници на социјалната мрежа Инстаграм. Имено, во тоа време, Роналдо имаше скоро 46 милиони следбеници на споменатата социјална мрежа.

Латино поп-sвездата #Шакира ја објави песната „Whenever, Wherever“ во 2002 година, што стана вистинска светска сензација. Таа се најде во Гинисовата книга на рекорди како легенда на Фејсбук, бидејќи на својата страница има над 100 милиони обожаватели и со тоа стана најобожаваната личност на социјалните мрежи. Таа е исто така првата личност на оваа социјална мрежа која собра 100 милиони „лајкови“.

#Мајли Сајрус стигна до Гинисовата книга на рекорди како најбарана личност на Интернет. Со настапот што го иамаше на музичките награди „MTV“ во 2013 година, кога „тверкаше“ со Робин Тик, но и со спотот за песната „Wrecking ball“, го воодушеви регионот, а Мајли потоа стана вистинска „кралица“ на Интернет.


извор:24sedam.rs

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: