Голманот на Аргентина има неверојатна животна приказна: Поради сиромаштијата како дете си заминал од дома, до вчера беше само навивач
Кој е Емилијано Мартинез, голманот на репрезентацијата на Аргентина з акој најмногу се зборуваше во текот на Светското првенство, а најверојатно утше повеќе по завршувањето?
Голманот на фудбалската репрезентација на Аргентина, Емилијано Еми Мартинез, попознат уште како Дибу, го воодушеви светот со своите маестрални одбрани во текот на Светското првенство во Катар и на самото финале против Франција. Неговиот тим го однесе до победа, со пеналите кои ги одбрани за време на финалето, а цела Аргентина - земјата на светските прваци - во транс го извикуваше неговото име.
Меѓутоа, веднаш по натпреварот, гомалнот се најде во центарот на вниманието поради примитивните потези. На меѓуножјето ја стави Златната ракавица, која ја доби за најдобар голман на турнирот, повика на едноминутно молчење за Килијан Мбапе, на прославата во Буенос Аирес преку лицето носеше кукла со фотографијата на Мбапе...
Кој е голманот на Аргентина - Емилијано Мартинез?
Еми Мартинез е роден на 2 септември 1992 година во Мар дел Плати, а помеѓу стативите за првпат застанал во Independiente. Бидејќи живеел во многу сиромашно семејство, рано се посветил на кариерата со надеж дека ќе им помогне на родителите, па така уште како тинејџер ја напуштил својата земја.
На само 16 години добил стипендија во Арсенал и се преселил на другата страна од Атланскиот океан, а на 18 години потпишал и професионален договор со лондонскиот клуб.
Потоа, помина неколку години на позајмување, играјќи за Оксфор Јунајтед, Шефилд Венсдеј, Ротерам, Гетафе, Ридинг... Дури и на тие позајмици често седел на глупата, чекајќи ја својата шанса. До 2020 година, официјално беше фудбалер во Арсенал, а за тоа време забележа само 15 настапи и тоа на помалку важни натпревари.
Првиот пресврт во неговата кариера се случил кога Мартинез имал 28 години и кога преминал во Астон Вил. Тука веднаш добил можност да биде прв голман, а наскоро следувало нешто што го сметал за чудо и врв во својата кариера - повик да настапува за фудбалската репрезентација на Аргентина. Дотогаш, националниот тим за него бил само сон.
„Во текот на Светското првенство во 2014 година правев скара со семејството. Во 2028 година во Русија бев на трибините со својот брат и му кажав дека на следното ќе бидам на теренот“ - неодамна раскажа Аргентинецот.
Emi Martinez was present in the stands during the 2018 WC.
— Magical Xavi (@MagicalXavi) December 15, 2022
Now 4 years later he will start against France in the Final.
DREAMS. pic.twitter.com/F7KsHeSwk8
Тогаш неговите зборови звучеле само како сон, но наскоро Мартинез бил повикан да настапува за најдобарата екипа на земјата на квалификациите за првенството во Катар.
Следувало неверојатно патува: веќе следната година со Аргентина го освоил натпреварувањето на Копа Америка, добил признание за најдобар голман, а потоа во 2022 година доживеа успех поради кој не можел да престане да плаче по натпреварот - трофејот на Светското првенство.
фото: Принтскрин / Инстаграм