Горда мајка: 24-годишната ќерка на Светлана Црнокрак го облече фустанот кој таа го носела на 19 години (ФОТО)

Горда мајка: 24-годишната ќерка на Светлана Црнокрак го облече фустанот кој таа го носела на 19 години (ФОТО)

Објавена во: Мода // Moj стил

Светлана и Мики Црнокрак, двојката која повеќе од две децении е во брак и успешно го води модното студио „Црнокрак" се родители на две ќерки - Моника и Нина.

Постарата ќерка, Моника дипломираше на Економскиот факултет и веќе тргна по стапките на своите родители, освојувајќи неколку титули за убавина. За неа многумина коментираат дека е копија на нејзината мајка.

Овој факт го докажуваат често и фотографиите кои ги гледаме на социјалните мрежи.

Овој пат Светлана на Фејсбук, објави фотка од неа, но и од нејзината ќерка во ист фустан.

Фустанот кој таа го носела на 19 години, денес гордо го носи згодната 24-годишна Моника.

Погледнете, па проценете сами на која подобро ѝ стои:

ФОТО: Фејсбук Светлана Црнкокрак

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: