Гордост, ежење: Елена Ристеска ја отпеа химната на Македонија и испрати силна порака (ВИДЕО)

Гордост, ежење: Елена Ристеска ја отпеа химната на Македонија и испрати силна порака (ВИДЕО)

Објавена во: Stars // Музика

Елена Ристеска наежи со изведбата на химната на Македонија и испрати силна порака.

- Македонската химна е гордост и чест да ти доверат да ја отпееш. Секогаш со посебно чувство сум ја пеела, бидејќи не е било која песна, химната е песна на еден цел народ, МАКЕДОНСКИ НАРОД. Јас знам за една Македонија без придавки(освен придавката “Република” ) за која сум учела и во која живеам од кога знам за себе, за еден јазик- МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК кој впрочем го говорам, знам за една нација или народ за кого пеам 20 години. Исто толку години ја претставувам мојата нација и мојата земја насекаде низ светот, а таа земја се вика МАКЕДОНИЈА. И токму сега во овие тешки моменти треба да ечи насекаде МАКЕДОНСКАТА ХИМНА , бидејќи носи силна порака. Покрај споменување на револуционерите и народот кои се бореле и умреле за татковината, се споменува само едно име- МАКЕДОНИЈА и еден народ- МАКЕДОНСКИ. Ова не е време за било какви поделби и овој коментар нема никаква политичка конотација- има исклучиво патриотска - напиша Ристеска во објавата на Инстаграм заедно со видеото:


Во коментарите доби бројни пофалби, а инаку химната ја отпеа по повод прославата на Денот на независноста на САД во Скопје, на покана на Амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Кејт Мари Брнз.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: