Хејли Бибер е кралица на маникирот: Сега ги покажа своите нови празнични нокти (ФОТО)
Ти треба идеја за маникир? Хејли ја има!
Во потрага си по празничен маникир? Сега, една од инспирациите може да ти биде и Хејли Бибер. Порано оваа година сите полудеа по нејзиниот маникир и од тогаш сите чекаат кога ќе ги објават следните.
Закажи си термин кај твојата козметичарка, бидејќи е крајно време на твоите нотки да ставиш некој празничен маникир. Или едноставно направи си ги сама! Постојат многу идеи, а некои полесно ќе ги направиш сама, само затоа што се едноставни. Нема повеќе „утре ќе ги направам“, бидејќи празничното лудило е тука и дојде моментот тоа да го пренесеш и на твоите нокти. Досега, ти претставивме неколку празнични маникири кои може да те инспирираат и кои можеш да ги ставиш на твоите нокти овие празници.
Има некои поедноставни и некои посложени, а ако не си обожавател на прекомплицираните и лудите маникири, тогаш сигурно ќе ти се допаднат новите на Хејли Бибер. Таа ова лето стана инспирација за маникири, откако го започна трендот „glazed donut маникир“.
Сите сакаа такви нотки. И од тогаш, постојано го следиме нејзиниот избор. И за Ноќта на вештерките покажа неколку идеи, но и сега за празниците.
На втората фотографија од објавата ги покажа ноктите. Не се ништо екстравагантно, туку станува збор за празнично издание на француски маникир. Го направила со црвен лак. Како што кажавме - ништо лудо, но и понатаму добра идеија. Особено за сите минималисти.
фото: Принтскрин / Инстаграм