Хејли Бибер има чудна, но делотворна идеја: Еве како дополнително да се загреете во зима кога сте подолго време надвор
Ова е идеално за оние личност кои секогаш викаат дека им е ладно...
Нема повеќе изговори дека некаде нема да оди, затоа што е зима и тебе ти е ладно. Хејли Бибер има одличен предлог за тоа како дополнително да се загрееш во зима. Првенствено ќе ти звучи чудно, но на неа супер ѝ стои, па зошто да не го испробаш и ти.
Хејли за дочекот на Новата година беше со пријателите на одмор, поточно на скијање. Очигледно е дека е навикната на високите температури во Калифорнија, бидејќи на сите начини се обидувала да се загрее на снегот. Најпрво не го забележавме трикот кој го користела за дополнително да се загрее, но по доброто проучување на фотографиите, сепак и тоа ни падна во очи. Или го мрази ладното време или навистина ѝ било многу ладното време, но трикот со кој се послужи Хејли, е носење на две зимски јаки одеднаш.
Звучи чудно, но од некоја причина, на неа ѝ изгледа толку добро што сите добија желба да го испробаат ова. И она што е најважно, навистина би можело дополнително да те загрее.
Не изгледа толку лошо, нели? Таа носеше две јакни, а едната од нив е брендот „The North Face“. Двете се во иста боја и ист модел, па можеби поради тоа изгледаат добро кога се искомбинирани. Сигурно ѝ било потопло отколку да носи само една, но проблемот кој можеш да го имаш со две гломазни јакни е дека нема да можеш баш добро да ги мрдаш рацете. Хејли, ги носеше и во друга комбинација, кога на себе имаше јакна за скијање и дел од костим за скијање, а врз нив зимска јакна.
Сопругата на Џастин Бибер е трендсетерка и кога ќе покаже нешто, остатокот од модниот свет тоа го следи. Дали ова ќе биде случај и овој пат и дали девојките ќе почнат да се шетаат во две јакни, ќе видиме. Температурите повторно почнаа да се спуштаат и овој нејзин трик би можел добро да ни дојде.
фото: Принтскрин / Инстаграм