Хејли Бибер во проблеми: Зошто луѓето се жалат од нејзината козметика и масовно ја фрлаат во ѓубре?

Хејли Бибер во проблеми: Зошто луѓето се жалат од нејзината козметика и масовно ја фрлаат во ѓубре?

Објавена во: Мода // Moj стил

„Rhode Skin“ се соочува со негативни рецензии во екот на драмата околу Хејли, Кајли и Селена...

До неодамна, Хејли Бибер беше некрунисана кралица на негата на кожа. Лансираше своја козметичка линија, а на секој во козметичката индустрија му беше чест да соработува со неа.

Нема да се лажеме, сите сакавме да имаме „glazed donut skin“ и блескав тен како Хејли, а благодарение на нејзините туторијали на социјалните мрежи почнавме да истражуваме што се пептиди и зошто се важни за нашата кожа.

Но, изгледа дека деновите во кои нејзиниот бренд беше популарен завршија. Имено, на социјалните мрежи почнаа да се појавуваат објави и искуства на луѓе кои купиле производи од нејзината козметичка линија, а кои им направиле хаос на лицето.

Ако размислувавте да нарачате нешто од нејзината козметичка линија, а сте алергични на јаткасти плодови - подобро откажете се. Една девојка добила алергиска реакција на челото и образите, откако употребила сјај од нејзината колекција. Всушност, нејзината козмети содржи масло од јаткасти плодови, кои не е наведено во состојките како предупредување за луѓето кои имаат проблем со алергиите. Од друга страна, негативните коментари за алергени во производите се бришат од веб-страницата на „Rhoda skin“.

Лана Фредерих, корисничка на ТикТок, сподели фотографија од нејзиното лице пред и по употребата на козметиката на Хејли. Девојката имала фантастично и сјајно лице, но по два месеци користење на производ од „Rhode Skin“ почнале да ѝ се појавуваат мали мозолчиња. Коментарите под објавата покажуваат дека таа не е единствената на која ѝ се случило ова.


Една корисчничка пронашла мувла во сјајот за усни. Таа посочила дека целата колекција ѝ се допаднала, но дека само еден месец по нарачката почнала да наоѓа црни и кафени снегулки на врвот од апликаторот за сјајот. Кога погледнала во капачето, видела мувла.


Т.н. „Lip Treatment“ на многу девојки им направил проблеми. Оваа комбинација на сјај и мелем за усни предизвикал пукање на усните кај некои девојки и тоа до степен на рани.

Факт е дека еден козметички производ или козметичка линија не може да одговара на секого. Бојкотот и критиките за прозиводите на Хејли доаѓаат откако таа и Кајли Џенер ја исмејуваа и провоцираа Селена Гомез на социјалните мрежи. Инцидентот ги поттикна луѓето ширум светот да ги нарачат „злобни девојки и насилници“ и да не ги отследат од социјалните мрежи.

Џефри Стар, кој има неколку милиони следбеници на ТикТок, отиде толку далеку, што за време на рецензијата на козметичката линија на Хејли Бибер, пред да ги отвори производите, сè фрли во ѓубре.

„Во оваа куќа ние сме дел од тимот Селена и сме тим кој не малтретира никој“ - кажа овој Јутјубер и сопственик на козметичка линија.

Изгледа дека Хејли со своето однесување и малтретирање на поранешната девојка на својот сопруг се доведе до тоа, луѓето отворено да ја бојкотираат нејзината козметичка линија. На својата компанија самата си направи негативен маркетинг. Како сееш, така и жнееш - очигледно, а Хејли тоа ќе го научи на потешкиот начин.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: