Херој на четири нозе: Куче спречи жена да изврши самоубиство
Куче како терапевт, одигра значајна улога во спасувањето на жена која размислувала да си го одземе животот на еден мост во Велика Британија.
Иако тоа не му е во „описот на работа“, пожарникарите го однеле тригодишниот Дигби на мостот близу Ексетер, Велика Британија, каде се обидувале да спречат жена, која се обудувала да изврши самоубиство.
Наводно преговарачите од полицијата се обидувале да ја смират жената, но не напредувале. Еден од пожарникарите предложил да го доведат Дигби, кој инаку има улога да ги смирува трауматизираните луѓе.
Жената на мостот се насмеала штом го видела Дигби, ја свртела главата, по што пожарникарите започнале да зборуваат со неа за Дигби и неговата работа. Жената брзо прашала дали може да му пријде на Дигби доколку се помести од мостот, на што сите се сложиле.
Оваа приказна на Твитер е споделена од страна на службата во која работи Дигби, а истата добила илјадници коментари.
Hero dog Digby
— BBC Breakfast (@BBCBreakfast) June 17, 2021
The therapy dog helped a young woman who was thinking of taking her own life. On #BBCBreakfast handler Matt Goodman explains what happened https://t.co/kHtV9OM29h pic.twitter.com/IdQn5U4XKP
Дигби обично им помага на пожарникарите на терапевтските сесии, пишува Си-Ен-Ен.