Холивудските девојки масовно ја кратат косата: И Емили Ратајковски ја покажа новата фризура (ФОТО)

Холивудските девојки масовно ја кратат косата: И Емили Ратајковски ја покажа новата фризура (ФОТО)

Објавена во: Мода // Moj стил

Кратењето на косата дефинитивно не е некој нов тренд во фризерските салони кои ги посетуваат познатите ѕвезди...

Имаме чувство дека кратките фризури веќе долго не биле волку популарно, токму поради светските ѕвезди кои бараа драстични промени од своите фризери.

Потсетете се на Зендаја, Џена Ортега, Хејли Бибер и Меган Фокс, кои своите долги коси ги скратија и воодушевија со промената.

Тој чекор го направи и Емили Ратајковски. Долгокосата бринета ја покажа својата нова фризура на ТикТок, снимајќи се во автомобилот, додека најверојатно патувала на местото на кое се одржуваше ревијата на Марк Џејкобс во Њујорк.

@emrata

оригинальный звук -  xlarssx

Додека го прикажуваше својот нов боб и шишки, пукаше од самодоверба и задолство поради оваа промена. Но, изгледа дека не само што ја скратила косата, туку ѝ ставила и потемна нијанса.

Еден следбеник ѝ напиша дека со оваа фризура влегла во нова ера, а ние апсолутно се согласуваме со него. Храбра промена и никогаш пократка коса, но и фризура кои ѝ стои одлично.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: