ХОРОСКОП: Кој спорт најмногу му одговара на секој знак!

ХОРОСКОП: Кој спорт најмногу му одговара на секој знак!

Дали некогаш сте се запрашале кој спорт е совршен за вас? Или пак кој спорт треба да го избегнувате? Погледнете што кажува хороскопот на оваа тема.

Овен

Вие сте создадени за индивидуални спортови бидејќи во вас лежи духот за победа, а не сакате кога победата не зависи само од вас. Затоа најдобри спортови за вас се бокс и борење. Истото важи и за гледање спортови,не сакате да гледате тимски спортови сакате авантура и адреналински спортови, како параглајдеризам или планински велосипедизам.

Бик

Биковите се создадени за забава, па тоа го бараат и во спортовите, без разлика дали е индивидуален спорт или тимска игра. За биковите кои сакаат да уживаат во храна, теретаната е вистинското место. Бидејќи биковите се земјени знаци, сакаат да гледаат спортови, како фудбал, американски фудбал и лакрос. Меѓутоа, биковите никогаш нема  професионално да почнат да се занимаваат со некој спорт.

Близнаци

Овој знак е многу друштвен и сака тимски спортови. Најдобар спорт за Близнаците е одбојката, веслањето или тенисот, каде може да дојде до израз нивното брзо прилагодување на секоја ситуација и нивната добра комуникација.

Рак

Вие не сакате спортови во кои треба да сте постојано активни, а и општо не сте секогаш расположени за спортување. Затоа за вас најдобро е да вежбате нешто мирно, како јога или едрење. Никогаш не би можеле да гледате некој  спорт како кошарка или фудбал, бидејќи не би гледале спорт кој не сакате да го вежбате.

Лав

Најдобар спорт за лавовите е било кој спорт кој бара многу играчи, на пример олимписки спортови или некои други професионални спортови. На тој начин тие ќе можат да бидат во фокусот и да го предводат цел тим. Спортовите кои се вежбаат рекреативно и во кои нема натпреварувачки тим им се одбивни или едноставно - досадни.

Девица

Како и во останатите работи, вие обожавате рутина, па тоа го барате и во спортот. Вежбате за да бидете здрави, па затоа терeтана или утринска прошетка се совршени за вас. Стравот дека можете да повредите некој друг играч ве спречува да вежбате некој поагресивен спорт.


Вага

За вас се само спортови кои бараат рамнотежа, како балет, јога, уметничко лизгање. Не сакате многу да се потите кога спортувате. Ако спортувањето почне да ви одзема многу време, многу е веројатно дека ќе се откажете, бидејќи - мора да имате рамнотежа за сѐ.

Шкорпија

Бодибилдинг или планинарење се совршени за шкорпиите, бидејќи тие сакаат да тестираат до кај можат да стигнат. Ако спортот не ви изгледа доволно возбудлив, нема да го вежбате. Вие сакате адреналин, затоа никогаш не би гледале голф или јога, бидејќи според вас се најдосадните спортови кои постојат.

Стрелец

За вас најбитно е да не спортувате нешто што е популарно, па дури и излитено. Може да е и индивидуален и тимски спорт, како јавање или стрелаштво. Вашиот карактер е таков, сакате да се издвојувате од другите. Затоа мора внимателно да одберете што ќе спортувате.

Јарец

Спортовите во кои треба да се вложи 110% од себе ви се најинтересни, не само за гледање, туку и за вежбање. Обожавате да ги рушите границите и да се исцрпите максимално. Затоа трчање и бокс се вистинските спортови за вас. Можете да си поставувате цели и да ги исполните. Не дискриминирате никаков спорт, ама спортовите од типот на јога или пилатес ги сметате како загревање, а не вистинско спортување.

Водолија

Тимските спортови не се за вас, бидејќи се чувствувате само како еден/една од толпата и дека така не го давате максимумот. Исто така, во тимските спортови не можете да правите сѐ на свој начин, бидејќи ќе ве сметаат за себични. Затоа, иако малку ве плашат, екстремните спортови како параглајдерство се нешто во коешто би уживале.

Риби

Водните знаци најдобро се снаоѓаат во вода - логично. Затоа сите спортови поврзани со вода - пливање, сурфање, ватерполо, се спортови каде имате потполна слобода да бидете свои. Не сакате спортови во кои има ригорозни правила.


Кике Цветче

Можеби ќе ве интересира: