И кога играше фудбал, ја стоев како статива, ме носеше сегде, и никогаш не рече не може денес ќе одам сам: Сестрата на Димитар Атанасовски евоцира спомени
„Ретко да има сам слика од детство, цело време му бев залепена како фластер. Стоев до гол кога играше фудбал со другарите, ме носеше буквално сегде и никогаш ама никогаш не ми рече не може денес сам ќе одам. Го прашав пред некое време како ме трпел и ми рече јебига помала сестра. Може сите поголеми браќа вака со сестрите ама овој уште ме трпи да го замарам за се и сешто“ - ова е коментарот на Марија Атанасовска, сестрата на познатиот водител Димитар Атанасовски.
Марија, преку Инстаграм фотка евоцираше спомени, па дури сподели и приватна порака во која го прашува Димитар, како бе така сегде ме носеше?
На ова Димитар и одговори:
„Па јебига помала сестра.
Си заборавила и во градинка во геге те земав и те враќав, и те проверував дали плачеш на голем одмор..ехеееее“, напиша Димитар.
Ваквите мигови и спомени вредат покаство и се доказ за тоа како треба да изгледа една братско - сестринска љубов.