И оваа е вистинска бајка: „Убавицата и ѕверот“ со која сите пораснавме ја крие трагичната судбина на двајца луѓе

И оваа е вистинска бајка: „Убавицата и ѕверот“ со која сите пораснавме ја крие трагичната судбина на двајца луѓе

Објавена во: Stars // Филм

Бајката која сите многу добро ја знаеме всушност крие вистинита приказна...

Габриел Сузан де Вилноу оваа приказна, која е базирана на вистинити ликови првпат ја објави во далечната 1740 година во Франција.

Ѕверот од бајката е маж по името Петрус Гонсалвус, роден 1537 година на Канарските острови, кој боледувал од хипертрихоза или синдром на врколак - тогаш непозната и неизлечива болест.

Гонсалвус имал тешка судбина. Уште како дете од 10 години бил заработен во кафез испратен на францускиот дворец како подарок за крунисувањето на кралот Хенри II.

Меѓутоа, Хенри II, открил дека Петрус Гонсалвус имал тивок и смирен карактер и одлучил да го претвори во вистински господин. Во кралскиот дворец, Гонсалвус научил да зборува, чита и пишува на три јазици и многу брзо станал член со углед во кралската палата со привилигии на тогашната аристократија.

По смртта на Хенри II, францускиот престор го заземала кралицата Катарина ди Медичи, неговата сопруга, која важела за личност со тежок карактер. Таа, од сомнителни мотиви, правела планови за венчавање на Гонсалвус.

Приказните од кралскиот дворец кои тогаш кружеле се однесувале на тоа дека кралицата го сметала бракот на Гонсалвус како забавен и дека би сакала да гледа деца кои боледуваат од хипертрихоза.

Плановите на кралицата на крајот се реализирале. Гонсалвус се оженил со девојка која имала исто име како кралицата и со неа поминал 40 години во брак, од кој се родиле 7 деца. За жал, четири од децата боледувале од синдромот од кој боледувал и нивниот татко. Гонсалвус станал атракција за европските дворци.

Ги посетувал кралските палати и на тој начин заработувал за живот. Тој и неговото семејство станале сурова забава за монарсите и дворската придружба. Оваа судбина не ги одминала ниту неговите деца. Повеќе од нив биле испратени како подарок за европското благородништво и биле третирани како миленичиња, а не како луѓе.

Ситуацијата била многу чудна. Тие не биле ниту зарабони, ниту слободни, но биле платени, објаснува Роберто Запери, италијански историчар и биограф на Гонсалвус. Иако живееле конфортно и официјално имале добар статус во општеството, Гонсалвуси никогаш во потполност не биле третирани како луѓе.

Во хуманата и цивилизирана Европа од тој период, Петрус Гонсалвус умрел без последно помазание од свештеник.

Хипертрихозата е ретка здравствена состојба која и понатаму ги збунува научниците. Наследната кожна болест предизвикува прекумерен раст на влакната на целото тело, освен на дланките и табаните.

Растот на влакната е особено изразен на лцието, ушите и рамената, а поединци може да имаат деформитети на лицето и забите, што им дава изглед на „ѕвер“. Тоа е генетска состојба, па е голема веројатноста дека некој со „хипертрихоза“ ќе ја пренесе на своите деца - токму како и Гонсалвус. Иако за неа нема лек, симптомите може да се ублажат со отстранување на влакната.


Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: