И помалите се воодушевени од евровизиската песна на Србија: Девојчиња од градинка во Белград ја претставија својата верзија на „In Corpore Sano“
Девојчиња од една градинка во Белград се потрудија колку што е можно подобро да ја испеат песната „In Corpore sano“, со која Констракта во мај ќе ја претставува Србија на Евровизија во Торино, Италија.
Тие, како што се гледа на Инстаграм профилот на предучилишната установа, го „ископирале“ настапот на Констракта на неодамна одржаниот избор за „Песна на Евровизија“, а едно од девојчињата исто како самата уметница, цело време си ги миела рацете.
За потсетување, пејачката Ана Ѓуриќ, попозната по уметничкото име Констракта, на 6 март победи на националниот избор за претставник на Србија за Евровизија.