И за ден и за ноќ, и за рамни чевли и за високи потпетици: Новата модна опсесија на Хејли Бибер е нешто што можеби го имате дома (ФОТО)
Кога се пакувала за патувањето во Њујорк, манекенката подготвила две слични модни парчиња за две различни прилики...
Манекенката Хејли Бибер можеби не шета на пистите на модните недели, но дефинитивно е меѓу најголемите светски инфлуенсерки.
Нејзините обожаватели ги следат нејзините најнови модни комбинации и сето она што таа го носи станува тренд, особено кога станува збор за секојдневните комбинации. Општо е познато е дека кога сопругата на пејачот Џастин Бибер ќе се заљуби во некое модно парче, крој, бренд или боја, знае да го носи неколку дена по ред.
Така, сега Хејли во текот на еден ден, два пати се појави во слични сакоа, кои ги носеше на сеосема различни начини.
Најпрво во текот на денот беше видена со сопругот и кучето додека се шетале низ Њујорк, а за таа прилика имала одберено лежерна комбинација сочинета од фармерки, мокасинки, црна чанта, плетено топче и струкирано бело сако, украсено со едвај забележливи линии.
Во прашање е предемнзиониран ретро модел од модната куќа „Villa Amour“, кој има лажни џепови, го прекрива задникот и е пригоден и за свечени и за помалку формални прилики.
Истата вечер, двојката е видена како излегува на вечера, а Хејли тогаш повторно носеше оверсајз блејзер, овој пат од брендот „16Arlington“, од колекцијата есен 2023 година.
Манекенката реши да го износи како сако-фустан, без долен дел облека и без ништо под него, а го искомбинира со затворени папучи на ниски потпетици и бела чанта.
фото: Принтскрин / Инстаграм / Profimedia