Идеи за модни комбинации за матура: Инспирајте се од изгледите кои Зендаја ги носеше на црвените килими (ФОТО)
На црвените килими секогаш изгледа одлично!
Зендаја е една од оние позанти девојки кои немаат грешки кога се во прашање комбинациите кои ги носи на црвените килими. Секогаш изгледа совршено. Секој фустан во кој ќе се појави, веднаш станува вест на денот.
Дали Зендаја некогаш изгледала лошо на црвен килим? Можеби некој фустан не ти се допаднал, бидејќи ти не би го носела, но секоја комбинација во која ќе се појави на неа ѝ стои совршено. Додека другите познати девојки имаат и модни грешки, оваа млада актерка нема ниту една. Секој нејзин изглед од црвените килими секоја девојка сака да ги ископира. Во секојдневниот живот поголемиот дел од нас немаат можност да носат толку свечени креации, но затоа тука е матурската вечер.
Тоа е една вечер која можеш да се опуштиш и да изгледаш како актерка. Зендаја досега има носено повеќе од неколку фустани со кои ги освои сите и кои со задоволство секоја девојка би ги носела на матурската вечер.
Станува збор за дизајнерски фустани на кои цената им е навистина висока, но барем можеме да сонуваме или да се обидеме да ни направат идентична копија. Фрли око на фотографиите во продолжение и погледни ги 10-те фустани кои ги има носено Зендаја, а кои се совршени и кои потврдуваат дека нема сомнеж дека актерката е кралица на модата на црвените килими.
фото: Принтскрин / Инстаграм