Идеи за тетоважи со саканата личност: 9 познати двојки кои имаат заеднички цртежи на телото (ФОТО)
Погледнете што имаат истетовирано...
Мора да е вистинска љубов кога се одлучиле на овој голем чекор. Да ставиш заедничка тетоважа со некој не е мала работа. Тоа е нешто што засекогаш ќе ве поврзува, или додека не заминете на ласерско отстранување на тетоважата.
Пред да ставиш тетоважа со било кој треба добро да размислиш, а особено ако ја ставаш со момчето. Ова е многу ризично и често знае да биде и непромислено, па завршува како најголема грешка. Кога веќе ставаш заедничка тетоважа со момчето, дефинитивно е најлоша идеја да ги ставите иницијалите или името еден од друг. Постојат и подобри идеи, а некои од нив може да ги уркадете од познатите двојки. И тие имаат заеднички тетоважи со партнерите, а еве и какви:
# Бијонсе и Џеј Зи - „IV“
Тие го имаат истетовирано бројот „4“, напишан со римски броеви, бидејќи тоа е бројот кој го изначува и нејзиниот и неговиот роденден, но и датумот на венчавката. Бијонси е родена на 4 септември, а Џеј Зи на 4 декември, а се венчаа на 4 април. Бројот „4“ има големо значење за нив.
# Меган Фокс и Машин Ган Кели - вуду кукла
Зарем очекуваше дека оваа двојка ќ еима некоја тетоважа која не е чудна? Нивната заедничка тетоважа е вуду кукла, а ја имаат ставено на прстите. Можеш да ја видиш на фотографијата број на 2 на објавата на Машин.
# Софи Турнер и Џо Џонас - „To infinity and beyond“
Дел од реченицата е на неговата рака, дел на нејзинат. Оваа двојка има дури неколку заеднички тетоважи, а оваа е една од најромантичните. Ако некој не ја препознава, станува збое за познат цитат од филмот „Toy Story“.
# Хејли и Џастин Бибер - праска
Тие двајца имаат многу тетоважи што би било чудо да немаат и некоја заедничка. Додека Џастин сака големи тетоважи, Хејли е обожавател на оние малите. Заедно имаат истетовирано мотив во чест на хитот „Peaches“ на Џастин. Така и двајцата имаат мала праска - тој на вратот, а таа на раката.
# Кајли Џенер и Тревис Скот - пеперутка
Кајли и Тревис имаат заедничка мини тетоважа, толку мала што треба да се зумира фотографијата за да се види. Станува збор за мини тетоважа со пеперутка, која и двајцата ја имаат ставено на зглобот на ногата. Тетоважата ја репрезентира нивната ќерка Сторми, иако на никој не му е јасно зошто.
# Ријана и Дрејк - морско куче
Дали беа заедно? Не беа ли заедно? Никој не е 100 проценти сигурен, но оваа двојка неколку пати ги почна гласините за тоа дека се нешто повеќе од пријатели. Секако, тоа е сега минато, но својот однос го одбележаа со заедничка тетоважа со морско куче. Не се знае кое е значењето кое се крие зад неа, само им е поставена на различни делови од телото.
# Мајли Сајрус и Лијам Хемсворт - тегличка од познатиот австралиски намаз за леб
Уште една двојка која повеќе не е заедно, но во моментот кога се фотографирале најверојатно мислеле дека ќе бидат. Ова е една од оние почудните тетоважи зад кои сигурно постои приказна која никогаш нема да ја дознаеме. Или работата е многу едноставна и дека двајцата го обожуваат намазот.
# Ариел Винтер и Леви Миден - срце
Актерката од „Modern Family“ и нејзиното момче имаат по половина срца на раката, па кога ќе ги спојат рацето, создаваат едно срце. Преслатка идеја.
# Карди Би и Офсет - датумот на венчавката
Карди и Офсет го имаат истетовирано датумот кој ги поврзува и кој зборува за нивната љубов. Тие тогаш отидоа еден чекор понапред од останатите познати двојки и го истетовираа тој датум.