Идеја за велигденски јајца какви досега не сте правеле: Еве како да добиете прекрасна пастелна боја (видео)

Идеја за велигденски јајца какви досега не сте правеле: Еве како да добиете прекрасна пастелна боја (видео)

Објавена во: После „Школо“ // DIY

Направете поинакви велигденски јајца оваа година.Тие се составен дел од преубавиот христијански празники Велигден, па затоа дозволете си на трпезата да имате нешто уникатно, во пастелна боја.

Јајцата можат да се направат на илјада начини, секое семејство има свои техники кои се користат од година во година, но некогаш е потребно да внесете промени. Токму за таа цел, една мајка сподели туторијал за тоа како да направите совршени пастелни велигденски јајца.

@jovan_se_igra Da li cete probati? #eastereggideas  #uskrsnjajaja  #uskrs2023 Tastegood - Official Sound Studio

Тие изгледаат како да се насликани од уметник.Таа ги нарече вулкански јајца поради начинот на кој се направени.

За оваа техника ќе ви требаат неколку намирници од кујната. Еве што Ви е потребно:

Течни бои за колачи, сода бикарбона, алкохолен оцет и тоа е се.

Јајцата не мора да ги вртите кога ги бојадисувате или кога ги преливате со оцет. И нема потреба воопшто да ги чекате. Штом завршите, само треба да ги исчистите остатоците од сода бикарбона што останале на нив. Ова е брза техника за вапцање бидејќи сè се прави за неколку минути, а можете да направите и неколку велигденски јајца одеднаш и секое ќе биде единствено на свој начин. Толку е едноставно што нема никако да згрешите и да ги уништите јајцата!


Објавена во: После „Школо“ // DIY

Можеби ќе ве интересира: