Игор Јуриќ верува дека Матеј Периш е жив: Изнесе нови работи, а еве зошто го мисли тоа
Ненад Периш, таткото на исчезнатото момче покажа неверојатна храброст, огромно достоинство и им покажа на сите луѓе како треба да се однесува човек кој на толку тежик начин е повреден.
Игор Јуриќ од Центарот за исчезнати и злоставувани деца вели дека „цврство верува дека Матеј е жив, бидејќи не постои ништо што би го уверило во спротивното“ и додава дкеа во Србија постоеле примери исчезнатата личност да се најде и по 60 дена или неколку години.
„Живеам за денот кога дома во Хрватска ќе го испратиме Матеј со својот татко Ненад. Кога сите заедно ќе го прославиме неговото враќање дома“ - вели Јуриќ.
Јуриќ вели дека најдобро го разбира Ненад и секој татко кој трага по исчезнатото дете. Она што најмногу убива е таа неизвесност која ги уништува луѓето. Тринаесет дена траеше потрагата за неговата ќерка Тијана. Тие како семејство добија можност да ја оплачат својата ќерка, додека многумина не знаат каков е крајот со нивното дете.
Што се однесува до момчето од Сплит, Јуриќ не сака да губи надеж иако „Исчезнувањето на Матеј за него е голема енигма“.
„Има неколку факти кои можат да укажат на тоа дека Матеј е жив. Една е сигналот на мобилниот телефон кој е уловен кај Големиот воен остров. Второ, навистина ни еден факт не докаже дека тој се удавил во Сава. Не постои доказ дека се удавил“ - вели Јуриќ за „Телеграф“.
„Ненад Периш, таткото на исчезнатото момче покажа неверојатна храброст, огромно достоинство и им покажа на сите луѓе на светот како треба да се однесува човек кој е повреден на толку тежок начин. Него го боли самата ситуација што му го нема синот. Секоја можност ја користам да му ја посочам мојата желба дека Матеј ќе го најде жив. Често размислувам за тоа зошто толку страшни работи се случуваат на толку добри луѓе. Изгледа дека Бог им дава крст на луѓето кои можат да носат толку тешки товари, таа болка... Изгледа дека ни самиот Периш не е свесен дека е случајно избран“ - вели Јуриќ.
Матеј Периш исчезна ноќта помеѓу 30 и 31 декември, кога ги оставил своите пријатели во клубот „Готик“, а тој во маица на кратки ракави излегол надвор. Според зборовите на неговиот татко три пати се обидувал да застане такси што му укажува на тоа дека Матеј сакал да оди некаде.
фото: Printscreen/RTS, Printscreen/MUPHrvatske