Има 7 години, а веќе е најбогатото дете на светот: „Вреди“ 5 милијарди долари, а успеа да го симне и принцот од тронот
Иако досега принцот Џорџ владееше на листата најбогати деца, сега работите се променија...
Познатите личности на своите сметки во банка имат огромни суми со пари, кои многу често непромислено ги трошат. Меѓутоа, одредени светски ѕвезди паметно располагаат со своето богатство, но на многу луѓе им е интригантно како нивните деца стануваат едни од најбогатите личности.
Имено, децата на Кардашијанс вредат од 3 до 76 милиони долари. Освен нив на самиот врв на листата се и ќерките на Селма Хајек, чиј татко е вистински моќник.
Веднаш тука е и Сури Круз, на која и двата родители ѝ се познати личности.
Ѕвездите како Џоџо Сива зарбаотила огромна сума на сопствени пари и пред да станат полнолетни, па така на само 17 години оваа тинејџерка „вреди“ 12 милиони долари.
Но, кое дете на познатите е најбогато?
Овој факт би можел да ве изненади, бидејќи првото место го зазеде принцезата Шарлот, ќерката на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, штом го надмина својот постар брат, идниниот крал. Принцот Џорџ наводно вреди скоро 4 милијарди долари, додека нето богатството на принцезата Шарлот е околу 5 милијарди долари.
Меѓутоа, некои извори ја наведуваат оваа бројка како нејзина идна нето вредност. Секако, можно е Шарлот сега да поседува 5 милијарди долари, со оглед на нејзината положба во кралското семејство, а можеби дури и поради фактот дека е единствена ќерка во линијата за наследување на престолот.
Секако, на почетокот на 2023 година изгледа дека таа и понатаму води, а факт е дека наследниците на кралското семејството убедливо доминираат. Доколку го земеме предвид фактот дека нејзината финансиска ситуација ќе станува сѐ подобра со текот на годините, особено ако развие некој свој бизнис, тогша можеме да очекува дека ќе има и други лидерски позиции.
фото: Принтскрин / Инстаграм