Има 9 години и илјадници следбеници на Инста: Модните брендови се „тепаат“ за неа
Нуала Чилдс е 9 - годишна девојка од Ливерпул која за само една година откако го направи профилот на Инстаграм стана вистински хит.
Денес има повеќе од 10.000 следбеници, а модните брендови се „тепаат“ за неа. Оваа година прошета и на пистата на „London Fashion Week“. Следната година планира да ја освои њујоршката модна недела, пишува „Liverpool Echo“.
„Се започна како хоби, отсекогаш сакаше да се фотографира“ - раскажа нејзината мајка за „Echo“.
„Зад камерита е многу срамежлива, но кога камерите ќе се вклучат, веднаш се менува. Многу е фотогенична“ - додаде гордата мајка.
„Нуала е многу посветена на тоа што го прави“ - раскажа таа и откри дека девојчето за Божиќ посакало лента за трчање.