Имај фризура како Бела Хадид: Како успешно да го направите најпознатото опавче од Инстаграм?

Имај фризура како Бела Хадид: Како успешно да го направите најпознатото опавче од Инстаграм?

Објавена во: Мода // Moj стил

Се заљубивме во оваа фризура, а многу е едноставно да се направи.

Супермоделот и модната икона Бела Хадид е позната по тоа што сака да експериментира со својот изглед, бидејќи често го менува стилот на облекување, начинот на шминкање и фризури. Токму една од нејзините фризури стана толку популарна што другите ѕвезди ја копираат, како на пример Кајли Џенер, а ние ќе ви покажеме како и вие може да ја имате истата без многу труд.

Бела Хадид секогаш со задоволство стилот го враќа во 90 - тите, а гледајќи го нејзиниот профил на Инстаграм лесно може да се заклучи дека половина од нејзиниот плакар го сочинуваат ретро парчиња, како очила за сонце во боја, риболовски капи и „mom“ фармерки. Но, најмногу внимание секогаш привлекуваат нејзините фризури, а една фризура на Бела стана толку популарна што доби име по неа. Станува збор за високо опавче кој дава ретро стих на секоја комбинација.


За и вие да си ја направите оваа фризура дома, прво мора да си го определите патецот и страната на која сакате да ви одат шишките. Потоа, да го одвоите тој дел, а од остатокот коса, измазнет со четка да направите високо опавче. Потоа, шишките кои ги имате одвоено да ги измазните и да ги прицврстите со шноли со остатокот од косата. За оваа фризура би било пожелно шишките да ви бидат малку подолно, но и кратките шишки ќе може да ги измазните користејќи гел или лак за коса. За крај, со пегла или фигаро, извиткајте ги прамените коса кон надвор и по потреба истапирајте го опавчето за да додадете волумен. Од опавчето исто така издвојте еден прамен и замотајте го околу ластикот за коса, за да не се гледа. 

Оваа фриузра е идеална, како за долга, така и за кратка коса, особено во оние денови кога косата ви е безживотна или мрсна.


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: