Имал само 14 години: Ацо Пејовиќ се потсети на периодот кога морал да го напушти семејниот дом во Пријепоље
Раскажа поради што морал да си замине од семејниот дом толку млад...
Пејачот Ацо Пејовиќ од мал покажувал голем талент и интерес за музиката, а токму тоа го препознале неговите родители кои го запишале во музичко училиште. Меѓутоа, единствена опција било на училиште да оди во Подгорица, бидејќи во Пријепоље тоа тогаш не било можно.
Сега се присети на периодот кога престојувал во студентскиот дом на 14 години, каде условите не биле баш задоволувачки.
„Имав 14 години и тоа за мене беше тежок период. Бев во студентскиот дом кој беше трошен, студен, со соби за шест-седум лица и заеднички бањи. Но, Боже мој, сѐ за музиката“ - се присети пејачот на тој период, а потоа се присети и на чувството кое го имал кога заминувал од дома.
„Не плачев, но ноќите ми беа тешки. Во град каде што не познаваш никој, ама апсолутно нико. Стресно беше, бидејќи бев дете. Треба да се снајдеш, да ја поминеш таа приказна поради која си дошол“.
Како што наведува, уживал кога викендите ги поминувал кај мајка му и татко му.
„Можеби еднаш месечно успевав да одам дома. Се радував на кујната на мајка ми, не можев да носам храна во домот, бидејќи немаше каде да ја чувам. Беше исто како во војска. Се сеќавам дека мајка ми откако ме посети таму во една прилика, си замина дома во солзи. Потоа, по 10 дена се појави татко ми и ми кажа: „Морам да ти го променам домот. На мајка ти не ѝ се допаѓа во какви услови живееш““ - раскажа Ацо во емисијата „Из профила“.
фото: Принтскрин / Инстаграм