Имала само 36 килограми, мака мачела со анорексија и завршила на сонда: Шокантната исповед на Јована ги потресe сите
Јована Цвијановиќ за борбата за живот
Актуелната учесничка на реалното шоу „Елита“, Јована Цвијановиќ не престанува да ја интригира јавноста со своите приказни за афери, а сега проговори и за својот здравствен проблем.
Имено, водителот ја праша кој е нејзиниот најгорд момент, на што таа раскажа за периодот кога се борела со анорексија.
- Бев најгорда кога се излечив од анорексија, имав 36 килограми и бев на сонда за хранење. Органите почнаа да ми откажуваат и за малку ќе завршев на дијализа и после еден месец во болница и кога го изгубив кучето, го донесоа во болница да се поздравиме и после тоа сфатив што е животот и што гледаат моите родители поради мене и тогаш решив да се излечам - рече Јована, додека задругарите молчеа на нејзината приказна.
Инаку, задругарката зборуваше за односите со фудбалери и пејачи, а неодамна зборуваше и за Урош Рачиќ.
Извор: espreso.rs