Инфлуенсерка покажа трик за совршени фотографии: Го разоткри митот за совршените тела на познатите девојки (ВИДЕО)
Инфлуенсерка на својот профил објавува реални фотографии со кои открива како моделите и блогерките имаат совршени фотки на Инстаграм...
Инфлуенсерката Џорџи Кларк на својот Инстаграм редовно споделува тајните кои моделите ги користат за да добијат фотографија на која изгледаат совршено - без разлика на вишикот килограми и целулитот.
Оваа ѕвезда на социјалните мрежи е позната по откривањето на тајните на „совршените“ фотографии кои секојдневно ги споделуваат модните инфлуенсерки, но и многу, како познати, така и помалку познати дами на социјалните мрежи. Џорџи, која има повеќе од 600.000 следбеници на Инстаграм, одлучила да ги сподели тајните поради кои вашите фотографии ќе изгледаат веродостојно, а сепак совршено.
Имено, таа на својот Инстаграм објави две фотографии на кои илустрирала како правилно треба да се застане. На фотографијата од левата страна се гледа како треба да застанете за да добиете подобра фотографија. На фотографијата од десната страна може да ја видите во опуштено издание, меѓутоа таквото опуштено тело не ја прикажува вашата најдобра верзија.
„Дали некогаш сте се запрашале како овие инфлуенсери секогаш добиваат совршени фотографии во седната положба во рестораните? Па, на оваа фотографија тајната е во позата. Во некој момент секој инфлуенсер ќе научи да позира вака, бидејќи не може секоја фотографија да ви биде во стоечка позиција. Седењето се „учи“, исто како и позирањето“ - објасни таа.
„За почетокот, забележете колку е всушност неодобно во реалниот живот да седите така. Ако тоа го споредите со фотографијата од десната страна, која покажува како седат нормалните луѓе, всушност не е реално да се седи така. Меѓутоа, седењето е една од најтешките пози“ - раскажа Џорџи.
Таа даде совет и како да ја направите оваа поза:
фото: Принтскрин / Инстаграм