Инспирација за сите: Ирина Дишо покажа како навистина изгледаше нејзината 2021-ва

Инспирација за сите: Ирина Дишо покажа како навистина изгледаше нејзината 2021-ва

Објавена во: Совети // Вежбаме

Планинарката Ирина Дишо е вистинска инспирација за сите, а особено за најмладите, кои треба да го следат нејзиниот пример.

Таа на својот профил на Инстаграм покажа што се постигнала за изминатата 2021-ва година. Со вложување на целиот свој труд, таа ги оствари посакуваните цели.

Секоја чест!

„Дечки, мои најголеми поддржувачи!
Ќе ја испратам 2021 година како победник. Оваа слика е од Камп 2 веднаш по искачувањето на врвот Даблам… На оваа слика не ме гледате мене на врвот…Овде го гледате врвот во моите очи. Вака изгледам после 16 часа искачување и симнување, вака изгледа Ама Даблам во моите очи. Тука нема лаги, сликата ќе ви раскаже сѐ.

Јануари беше месец на зимски кампинг на нашата Шара…и неколку искачени врвови!
Февруари е месец кога го искачив Ухуру врв - највисокиот во Африка!
Март е месец на уште еден зимски кампинг, и многу искачени зимски врвови на Шара…
Април, Мај, Јуни и Јули се месеци кога гинев на секој тренинг, секој ден од месецот. Матка, Парк теретана, Водно, Шара, Кораб…без застој.
Август е месец кога стапнав по втор пат на кровот на Европа - Елбрус.
Септември се последните исцрпувачки подготовки за најголемиот предизвик…
Октомври е месец на исполнување на сонот…Ама Даблам
Ноември добив искрени признанија и награди од неколку клубови, агенции, здруженија и комитети. Признанија кои имаат огромно значење за следниот мој подвиг.
Декември е месец кога направив зимско искачување на Орла Перч и Риси на Татрите - Полска 
Тоа е мојата 2021. Успешна, за следната со уште поголеми апетити за повеќе успеси!



Објавена во: Совети // Вежбаме

Можеби ќе ве интересира: