Интересен тест за личноста открива многу за вас: Колку сте одговорни, зрели и подготвени за промени?

Интересен тест за личноста открива многу за вас: Колку сте одговорни, зрели и подготвени за промени?

Објавена во: Совети // Тестови

Неочекуваните животни ситуации некој ги прифаќа како голем предизвик, а некој како казна. Во категорија на луѓе припаѓате?

Како реагирате кога преку ноќ животот ви се врти за 180 степени? Дали сте подготвени да се фатите во коштец со новонастанатите околности или сте препрашени што мора да излезете од вашата комфортна зона, иако можеби промените во вашиот живот би донеле многу радости и среќа? Одговорете на прашањата во продолжение, запишете си ги одговорите и дознајте дали се плашите од промени или со целото срце ги посакувате.

Прашања:

# Влегувате во непозната куќа и на подот здогледувате кутија. Што има во кутијата?

# Имате можност да одберете едно место каде би го поминале остатокот од животот. Каде се наоѓа тоа место?

# Лутате низ пустина, уморни сте, а веќе се наближува ноќта. Одеднаш гледате населба во далечина. По десет минути одење забележувате и оаза која е малку поблиску. Каде ќе отидете? 

# Што би направи кога би изгубиле се?

# Ве очекува слободен ден. Како ќе го поминете?

# Наизглед имате нерешлив проблем. На кој ќе му се обратите за помош?

# Доколку златна рипка ви вети дека ќе ви ја исполни најголемата желба, но да мора да одлучите во кој период од животот би сакале да останете засекогаш, кој период би било тоа - детството или сегашноста?

# Доколку некој ви каже дека ви остануваат уште 24 часа живот, како ќе ги поминете?

# Доколку во крајот во кој живеете се случи природна катастрофа, која работа би ја понеле со себе додека бегате?

Решенија:

# Зад вашиот одговор се крие вашиот поглед на среќата.

Доколку замисливте дека во кутијата се наоѓа нешто што нема вредност за вас, длабоко во себе верувате дека за среќата треба да се помачите. Доколку замисливте работи кои имаат голема вредност, очекувате дека во иднина среќата ќе ви биде наклонета. Доколку кутијата која ја пронајдовте била празна, по природа сте практични. Доколку во кутијата пронајдовте порака, посакувате да ви се случат големи промени проследени со среќни околности.

# Одговорот на ова прашање открива колку сте задоволни од моменталната животна ситуација.

Доклку го одбравте местото каде што живеете сега, задоволни сте и благодарни. Доколку се определивте за на некоја далечна дестинација, вие сте голем сонувач и романтичар и посакувате во вашиот живот да влезе некој кој ќе ве инспирира да презете смели чекори.

# Одговор ја опишува вашата работна етика.

Доколку одбравте да заминете во населата, подготвени сте секогаш да преземете одговорност на работното место. Одлично планирате, прецизн исте во се што правите и подготвени сте да им помогнете на колегите, а секоја нова задача или промена на системот на работа ја пречекувате љубопитно. Доколку одбравте оаза, тешко се помирувате со правилата кои владеат во вашето работно окружување. Во состојба сте да завршите повеќе работни задачи паралелно, но ве нервираат роковите и полагањето на сметки пред надредените.

# Одговорот открива дали сте подготвени за изненадувања.

Доколку по финансиската криза се одлучивте да „тргнете од нула“, вие сте голем борец и со леснотија се прилагодувате на новонастанатите околности. Доколку одговоривте дека во дадените околности тагувавте и очајувавте, се плашите од промени.

# Одговорот на ова прашање го опишува вашиот однос кон парите.

Доколку слободниот ден го искористивте за да го завршите сето она што не сте го завршиле во текот на неделата, многу трошите и се радувате на секое одење на шопинг. Доколку слободниот ден за вас е можност да останете дома, веројатно е дека вашата моментална финансиска ситуација е незавидна, но во овој момент немате конкретно решение како да ја промените. Доколку се одлучивте слободниот ден да го поминете во прошетка или занимавање со спорт, рационално трошите, секогаш имате нешто на страна и губењето на работата или пак намалувањето на платата вас не може да ве изненадат.

# Начинот на кој ги решавате проблемите покажува колку имате самодоверба.

Доколку одговоривте дека сепак самостојно ќе се обидете да го решите проблемот, одговорни сте, самоуверени и сметате дека секој човек е должен да се прилагоди на новонастанатите ситуации. Доколку одговоривте дека би побарале помош од членовите на семејството или пријателите, се сомневате во сопствените способности и стравувате од секој нов ден. Доколку проценивте дека експертите ќе ви дадат најдобар совет, вие сте рационални, практични и свесни дека во одредени околности немате доволно знаење за да го решите проблемот на начин кој ќе биде најдобар за вас.

# Одговорот на ова прашање открива колку сте одговорни.

Доколку одговоривте дека сакате да останете во сегашност, зрели сте како личност и подготвено ги дочекувате промените. Доколку одбравте да се вратите во детството, не сте задоволни од својот живот и стравувате од иднината.

# Последниот ден од вашиот живот откирва колку се каете поради некои работи кои ви се провлекувале во минатото.

Доколку вашиот одговор на ова прашње е дека денот би го поминале до драгите луѓе, имате грижа на совест што сте ги запоставувале и себе си давате ветување дека доколку добиете нова шанса за живот, тоа сигурно ќе се промени. Доколку одбравте да бидете сами, склони сте константно преиспитување на својот живот и барање на грешките.

# Одговорот на ова прашање открива каква е вашата вистинска природа.

Доколку од дома понесовте албум со фотографии или ситници од патувања, вие сте сентиментални и чувствителни и тешко ги прифаќате новите ситуации. Доколку би понеле гардероба, по природа сте конвенционални, а секоја промена ве блокира. Доколку вашиот избор беше да земете документи, вие сте реалиста и подготвени сте да се изборите со се што ви носи животот. Доколку одбравте да земете пари или вреден накит, вие сте промислени и над се ја цените сигурноста: за вас промените претставуваат предизвик да настанете најдобрата верзија од себе.


Објавена во: Совети // Тестови

Можеби ќе ве интересира: