Иронија: Хари Стајлс остана без најголемата улога во кариерата затоа што е премногу добар

Иронија: Хари Стајлс остана без најголемата улога во кариерата затоа што е премногу добар

Објавена во: Stars // Филм

Хари Стајлс толку многу се истакнува на музичката и филмската сцена од претходните години, што во некои случаи, тоа му прави проблем! 

Имено, режисерот на филмот „Елвис“ за легендарниот Елвис Присли наведува дека музичарот бил одбиен на аудицијата бидејќи е премногу познат, пренесува Е! Вести.

„Прво и основно, Хари е многу талентиран актер“, објасни режисерот Баз Лурман. 
„Најголемиот проблем со Хари е што тој е Хари Стајлс. Тој е веќе икона. Знаете, тој навистина очајно ја сакаше таа улога, има одличен дух. Можам да ви кажам само одлични работи за Хари“. 

Но, тој беше заменет со Остин Батлер, кој е анонимен и не е ни приближно способен и успешен, според режисерот.

Сето ова звучи многу понижувачки за Остин, но Лурман сепак вели дека младиот актер е роден за оваа улога. 
„Тој ја загуби мајка си на иста возраст како и Елвис. Две години живееше како Елвис и сега му треба време да се врати во нормала. Хари сигурно има повеќе од доволно работа, но сигурно не му е сеедно што го одбија затоа што е премногу добар!“

извор:famoza



Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: