Италијанско топло чоколадо кое не се заборава: Густо и вкусно чоколадо од Милано, совршено за празниците
Италијанците прават најдобро топло чоколадо! Сега, можете и вие...
Никогаш нема договор каде да се пие најдоброто топло чоколадо во Италија! Едни тврдат дека тоа е Фиренца, но други предност даваат на Милано. Сигурни сме дека најдоброто топло чоколадо се пие во вашиот дом, особено доколку го подготвите по овој рецепт.
Состојки:
# 5 лажици како во прав;
# 4 лажици густин;
# 4 лажици шеќер;
# 500 милилитри млеко;
# 120 грама црно чоколадо;
# 2 лажици шлаг.
Подготовка:
Во тенџерче или во големо ѓезве измешејте ги какаото во прав, густинот и шеќерот. Згрејте го млекото и ситепете кај сувите состојки, полека мешајќи. Загрејте ја оваа мешавина на тивок оган, постојано мешајќи.
Пред да по почне многу да врие, намалете го оганот на минимум и ставете ја и искршената црна чоколада (најдобро 70% какао).
Матете додека мешавината не стане кремаста и густа. Доколку сакате топлото чоколадо да ви биде уште поблаго, додадете уште малку шеќер.
Поделете го тоа во две шољи и по желба, украсете со шлаг и чоколадни ромки.