Избрани се 10-те најзгодни момци на светот: Победи актерот од „Бриџертон“ кој ги освои сите дами (ФОТО)
Можеби убавината е во окото на гледачот, но математиката го кажа своето...
Ако додека сте ја гледале серијата „Бриџертон“ сте помислиле: „Леле, војводата од Хастингс е мелен за очи“, сте биле во право, бидејќи сега овој актер е прогласен за најзгоден маж на светот.
Листата која ја составија доктори, предводени од естетскиот хирург д-р Џилијан Де Силва, е направена според златниот пресек, смислен во античка Грција.
Пресметката на златниот пресек пресуди дека цртите на лицето на Реге - Жан Пејџ се најблиску до идејата за совршенство на античките Грци.
Доктор Де Силва кажа дека Пејџ победил поради своето класично убаво лице и прекрасни кафени очи, како што пишува „Daily Mail“.
„Неговите совршено обликувани усни исто така добија висока оценка, а единствената пониска оценка ја доби поради ширината и должината на носот“ - кажа докторот, оценувајќи го неговто лице како високо симетрично со неверојатни 93,65%.
Второпласиран е Крис Хемсворт, а естетскиот хирург заклучи дека тој има убавина и гламур, како и дека го стигнал стариот Холивуд.
Трет е Мајкл Б Џордан, на кој второто место му се лизна поради ширината и должината на носот. Но, и бронзата е одлична во натпреварување за убавина.
Четврти е Хари Стајлс, а докторот неговата брада ја опиша скоро па како совршена.
На петтото место се најде фудбалерот Џуд Белингем. Доби многу висока оценка заради речиси совршената положба помеѓу усните и носот.
Шести е Роберт Патинсон кој доби високи оценки поради своата прекрасно извајана вилица, но како што кажа докторот, тој заврши на шестото место поради малите и рамни усни.
Седмо место е Крис Еванс. Иако магазинот „People“ минатата година го прогласи за најзгоден актер во Холивуд, тој заврши на седмото место кај научниците.
61-годишниот Џорџ Клуми се најде на осмото место. Како што објасни естетскиот хирург, тој уште е неверојатно убав маж, но лицето му го изгубило волуменот. Но, тоа што е помеѓу првите 10 на свои полни 61 година, е доказ за неговиот неверојатно природен убав изглед.
Деветти е Хенри Голдинг кој доби високи оценки за обликот на брадата и растојаниот меѓу очите, аод друга страна нешто пониски за обликот на носот и лицето.
И последен, десетти на листата е Двејн Џонсон, за кој Де Силва објасни дека прекрасно старее. На оценувањето на лицето тој генерално доби добри оценки, иако поради ширината на носот доби нешто пониски.
фото: Принтскрин / Инстаграм