Ја исмевале бидејќи на босите нозe си нацртала знак „Nike“: Била сиромашна и немала пари за патики, а потоа следувал пресврт (ФОТО)

Ја исмевале бидејќи на босите нозe си нацртала знак „Nike“: Била сиромашна и немала пари за патики, а потоа следувал пресврт (ФОТО)

Ова девојче по име Реа е од Филипините, а нејзината приказна допре до многумина и ги натера да подразмислат...

Оваа тема ќе ја разбуди свеста за ота колку материјалниот свет е минлив и колку би требало да бидеме благодарни на тоа што го имаме. Станува збор за приказна која го заобиколи светот и им одржа лекција за животот, како на возрасните, така и на децата, дека до целта не се бараат изговори и дека можностите треба да си ги создадеме сами.

Токму тоа го докажа младата Филипинка, која и покрај тешкото детство, одлучи да ја оствари својата цел. Уште во раното детство го засакала спортот и не била обесхрабрена од тоа што родителите не можеле да ја поддржат во таа амбиција. Напротив, вредно работела и била цврсто насочена кон својата цел. Се приклучила на училишниот спортски тим и почнала да тренира, иако условите за тоа, за разлика од нејзините врсници, биле далеку од завидни.

Скромната Реа Булос го привлече вниманието на јавноста кога на еден меѓународен училиштен натпревар во провинцијата Илоило се појавила во необични „патики“.

Бидејќи оние класичните и атрактивни патики, какви што нејзините врсници можеле да си дозволат, не можела да си ги дозволи, одлучила да го реши тој проблем. Поради босите нозе и евентуалните повреди за време на трчањето, ги замотала стапалата и прстите со леплива лента и на неа го нацртала знакот на брендот „Nike“.

Сите биле изненадени од тој потег, меѓутоа, бидејќи децата знаат да бидат многу сурови, нејзиниот потег станал мета на потсмев кај останатите натпреварувачи. Освен што ја навредувале зошто нема патики, туку трчи боса, тие ја исмевале и поради цртежот на знакот, наведувајќи дека со тој потег само дополнително го засилила „својот очај“.

Реа и покрај тоа останала истрајна, а она што следувале тој ден, довело до пресврт каков што малку кој можел да сонува, а особено храбрата тинејџерка.

Таа тој ден ја трчала трката на животот и далеку зад себе ги оставила сите конкуренти, дури и оние кои имале најдобри парчиња облека. Освоила три златни медали: во трчање на 400, 800 и 1.500 метри.

Дека желбите се остваруваат и дека некои знаат да го препознаат квалитетот и да излезат во пресрет на детските желби, покажа и менаџерот на една продавница за спортска опрема, кој ѝ подари еден пар „Nike“ патики.

Тоа наиде на големо воодушевување на мештаните на малото место на Филипините, но и ширум светот, бидејќи ова девојче за кратко време стана многу познато.

Нејзината приказна допре и многу други луѓе кои се понудија да ѝ помогнат на Реа, но и нејзините врсници од Филипините кои се во тешка финансиска ситуација.

Се огласија и челниците на спортските здруженија од Филипините кои ветија дека ќе ги платат сите трошоци за натпреварувањата на младите Филипинци кои исто како Реа амбициозно посегнуваат по својата цел и наоѓаат начини да ја постигнат. Приказната на Реа е од 2019 година, но во последните денови повторно беше актуелна кај јавноста.


фото: Принтскрин / Јутјуб

Можеби ќе ве интересира: