Ја нарекуваат „Ракета“: 4 - годишната Ема е ѕвезда на сите ски - центри
4 - годишната Ема најмногу сака деновите да ги поминува на снег, а љубовта кон овој спорт и ја пренел нејзиниот татко Марко. Иако има само четири години, некои трикови ги прави подобро од голем број луѓе на светот.
„Малата“ Ема е главна сноубордерка на словенските и австриските ски - центри. Покрај татко и, кој е професионален спортист, Марко Гилц, секојдневно тренира.
„Го поврзува целото семејство и секогаш ни е забавно“ - напиша Марко на својот Инстаграм профил на кој има скоро 200.000 следбеници. Инаку, татко на оваа мала „Ракета“ бил светски шампион во сноубординг, а со тој спорт се занимава повеќе од 20 години. Отсекогаш сакал да има семејство, кое ќе ја има истата љубов кон снегот и споротот и успеал во тоа.