Ја отвори вратата од станот: Теодора Џехверовиќ си го средува новиот дом, а оваа работа ја воодушеви

Ја отвори вратата од станот: Теодора Џехверовиќ си го средува новиот дом, а оваа работа ја воодушеви

Објавена во: Stars // Музика

Џехверовиќ покажа како изгледа внатрешноста и откри како ќе го уреди

Теодора Џехверовиќ е една од најпопуларните млади пејачки и има многу настапи, благодарение на што неодамна купи стан во Белград, кој наголемо го опремува и уредува.

Иако работите сè уште се во тек, пејачката испланирала како ќе го уреди, кои бои ќе доминираат и каков мебел ќе купи. Сега таа ја отвори вратата од својот нов дом и покажа како изгледа внатрешноста.

- Моментално сум во мојот стан, во моментов не личи на ништо и прашање е кога ќе изгледа како што треба и како што замислив. Но, во основа... некако сум емотивна и едвај чекам да го видам крајниот резултат. Ми доаѓа сама да пијам кафе овде, но немам како да го направам, немам струја. Едвај чекам да видите како тоа го замислив во мојата глава - рече Теодора додека снимаше дел од станот.

Она што ја воодушеви беше огледалото во ходникот на зградата.

- А што ќе правиме со огледалото во ходникот? Па, изгледа знаеја дека Џехви ќе живее тука - вели таа во видеото.

Инаку, во медиумите се пишуваше дека пејачката за станот платила околу 250 илјади евра, но таа изјави дека испаднал многу поевтин.


- Мојот стан не чини толку многу. Станот е на нормална локација, каде што цената по квадрат е нормална. Еден мал, убав и сладок стан – изјави претходно Теодора на својот Инстаграм профил.


Извор: telegraf.rs

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: